Од понеделник Црвениот крст ќе исплаќа пари на семејствата со пациенти

Црвениот крст досега собра повеќе од 800.000 евра наменети за семејствата на пациенти од несреќата во дискотеката во Кочани, а парите (како што одлучи Владата првично да им се префрлат на семејствата кои ги придружуваат пациентите по 150.000 денари) ќе им бидат префрлани од понеделник.

„Моментално се собираат трансакциските сметки од лицата кои се во странство, се собираат и нивните согласности преку логистика од МНР, односно преку амбасадите и козуларните претставништва. Веднаш од понеделник ќе пристапиме кон исплата на тие средства, односно Црвениот крст ќе пристапи кон исплата на истите“, рече Ивица Томовски директор на СОЗР на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека за секое повредено лице Владата ќе покрие трошоци за две лица кои ќе бидат придружба.

„Владата презема итни мерки за да обезбеди целосна поддршка на сите засегнати од оваа трагедија. Преку СОЗР и останатите институции се обезбеди целата неопходна логистика за сместување и транспорт на настраданите и нивните семејства. Посебно внимание се посветува на оние кои се испратени на лекување во странство“, рече Томовски

Back to top button
Close