Од утрово не возат приватните автобуси 19, 20, 22, 52 и 54 во Скопје. Градот им должи пола милион евра

Од утрово не возат дел од приватните автобуси во Скопје бидејќи Градот им должи пари. Во сообраќај не се пуштени автобусите на превозникот „Макекспрес“ оти немаат пари за гориво. Автобуси нема на линиите 19, 20, 22, 52 и 54, пишува СДК.

ЈСП Скопје и Град Скопје за три месеци им немаат исплатено пари на приватните превозници како што предвидува договорот по едно евро за секој изминат километар и сега долгот кон „Макексперс“ е околу пола милион евра.

„Ние имаме вкупно 77 автобуси  и денеска не е даден налог возилата да излезат да возат. Не дека не сакаме туку нема како да ставиме гориво. Вака ќе биде додека не се најде решение со Град Скопје. Знаеме дека ситуацијата е тешка, имаме економска и енергетска криза, но и ние не можеме да возиме без пари“, вели Милорад Димитриевски од превозникот „Макекспрес“.

повеќе

Back to top button
Close