Од „Waka Waka“ до „Dai Dai“: Шакира блесна на Светското првенство во Мексико

Настапот на Шакира на Светското првенство во Мексико предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а многумина признаваат дека ги вратил спомените на незаборавната атмосфера од Мундијалот во 2010 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bad Habit (@ourbadhabit)

Колумбиската ѕвезда тогаш го одбележа шампионатот со хитот „Waka Waka (This Time for Africa)“, песна која и денес важи за една од најпрепознатливите фудбалски химни. Со својот глас и енергичните танцови движења, Шакира тогаш стана симбол на една генерација љубители на фудбалот.

Синоќа таа повторно се најде на мундијалската сцена, каде што го изведе својот нов хит „Dai Dai“, а покрај музичкиот настап, внимание привлече и со впечатливиот моден избор.

Шакира се појави во жолт мрежест боди, боја која важи за еден од најголемите трендови ова лето. Деталите на костимот му дадоа модерен и сценски изглед, додека енергичната жолта нијанса совршено се вклопи со нејзината препознатлива кореографија.

Посебен акцент на стајлингот беше асиметричното мини здолниште во виолетово-бела комбинација, кое внесе спортски дух и интересен контраст со бодито. Изгледот го надополни со брановидна фризура и црни очила за сонце, додавајќи му младешка и урбана нота.

Фотографиите и видеата од настапот продолжуваат да се шират на интернет, а обожавателите се едногласни – Шакира уште еднаш покажа зошто е една од највпечатливите музички ѕвезди поврзани со Светските првенства.

Back to top button
Close