Огромна гужва на Евзони: Поради пад на системот се чека и повеќе од три часа
Во ек на летна сезона големи гужви на граничните премини во Македонија.
Редици возила чекаат на влез на граничниот премин Евзони во Грција. Причина е пад на компјутерскиот систем на граничниот премин, информира Телма.
Во моментов создадена е долга колона на патници кои чекаат да ја преминат границата.
Според информациите кои се објавуваат на социјалните мрежи, се чека и по повеќе од три часа.
Во моментов ништо подобра не е ниту состојбата на алтернативниот премин Дојран, таму за влез и за излез од државата се чека над два часа