Охридски локал служел алкохолни пијалоци на 16 малолетници
На 21.02.2025 година, при контрола извршена во угостителски објект на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници констатирале дека Ж.Ј.(64), управител на објектот и М.Ц.(33) одговорното лице во објектот служеле алкохолни пијалоци на 16 малолетни лица.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави за сторено кривично дело ,,Точење алкохолни пијалоци на малолетни деца”, согласно чл.204 од Кривичниот законик.