Околу 30 проектили истрелани од Либан кон Израел, нема жртви

Околу 30 проектили утринава се истрелани од Либан кон областа Мерон во северниот дел на Израел, соопшти израелската армија.

Сите ракети паднале на отворени подрачја и нема жртви, се наведува во соопштението, пренесува Тајмс оф Израел.

Војската, исто така, соопшти дека во текот на ноќта извршила напад врз ракетен фрлач на Хезболах во Либан и објави видео од нападот

Back to top button
Close