Околу 5.000 британски машиновозачи стапија во штрајк


Околу 5.000 машиновозачи во Велика Британија денеска излегоа на штрајк со кој бараат повисоки плати бидејќи инфлацијата во земјата го достигна највисокото ниво во последните 40 години.

Машиновозачите, организирани од Здружението АСЛЕФ, почнаа 24-часовен штрајк, што е втора голема акција оваа недела во британските железници.

Пред тоа, околу 40.000 членови на синдикатот РМТ и ТС, кои претставуваат половина од персоналот на железницата, спроведоа голем штрајк во средата.

Се очекува штрајкот на машиновозачите да предизвика проблеми во сообраќајот во текот на викендот, соопшти Нетворк реил (Network Rail), која управува со британската железничка инфраструктура.

Линиите кон југоисточниот и источниот дел на Англија се откажани, како и линиите што го поврзуваат Лондон со југозападниот, северозападниот дел на Англија и Единбург.

Здружението АСЛЕФ планира да одржи уште еден целодневен штрајк на 13 август.

Back to top button
Close