Ѓоковиќ објави дека нема да настапи на ЈуЕс Опен

Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ објави денеска дека нема да може да отпатува во Њујорк за последниот грен – слем турнир сезонава ЈуЕс Опен, кој почнува идната недела.

– За жал, не можам да патувам во Њујорк на ЈуЕс Опен, напиша Ѓоковиќ на Твитер пред жрепката за грен – слем турнирот.

– Со среќа на другите тенисери. Ќе останам во добра форма и позитивен дух, и ќе чекам друга шанса да се натпреваруваме заедно, порача српскиот тенисер.

Американскиот закон забранува влез во земјата за невакцинирани странци, меѓу кои е и Ѓоковиќ.

Тоа ќе биде втор грен – слем турнир сезонава кој Ѓоковиќ ќе го пропушти, откако австралиските власти го депортираа во Србија непосредно пред почетокот на Австралија Опен.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close