Ѓоковиќ по седми пат си го оствари сонот од детството

8

Ѓоковиќ по седми пат си го оствари сонот од детството
Имав четири и пол години кога го видов Пит Сампрас како го освои својот прв Вимблдон во 1992 година. И ги замолив моите родители да ми купат рекет. Мојата прва слика за тенисот е трева, рече Ѓоковиќ по освојувањето на 21. титула во кариерата.
ИЗБОРСПОРТ
Од МИА Објавено 10/07/2022 19:05:35

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN EDITORIAL USE ONLY
147
Сподели
Новак Ѓоковиќ ја коментираше победата на Вимблдон. Титулата ја освои четврти пат по ред и вкупно е седма на овој терен.

Можеби ќе ве интересира
НЕМА ДА ВЕ ЛАЖАМ, ЃОКОВИЌ Е КАКО БОГ Кирјос рече дека…

Плусинфо 10/07/2022
ЃОКОВИЌ ГО ОСВОИ ВИМБЛДОН Тоа е негова 21 грен слем титула

Плусинфо 10/07/2022
– Не можам да опишам што значи овој трофеј за мене, за мојот тим и за семејството. Многупати сум кажал дека Вимблдон секогаш ќе биде најспецијалниот турнир за мене. Токму овој Грен слем ме инспирираше да почнам да играм тенис во мало планинско одморалиште каде моите родители имаа ресторан. Имав четири и пол години кога го видов Пит Сампрас како го освои својот прв Вимблдон во 1992 година. И ги замолив моите родители да ми купат рекет. Мојата прва слика за тенисот е трева. И секогаш сонував да дојдам овде и само да играм на овој терен. А потоа, секако, да го оствариме детскиот сон и да го освоиме овој трофеј. Секоја победа е сѐ повредна и посебна за мене. Тоа е огромна среќа – истакна српскиот тенисер.
Ѓоковиќ ја освои 21-та Грен слем титула и го мина Роџер Федерер (Швајцарија) кој остана на 20 титули. Најмногу има Шпанецот Рафаел Надал

Back to top button
Close