ОН: Повеќе од 700 милиони луѓе во светот не знаат кога повторно ќе јадат
Глобалната криза со глад остави повеќе од 700 милиони луѓе несигурни кога или дали повторно ќе јадат, а побарувачката за храна незапирливо расте како што пресушуваат хуманитарните фондови, изјави извршната директорка на Светската програма за храна (WFP), Синди Мекејн.
– Сега живееме со серија симултани и долгорочни кризи кои ќе продолжат да ги поттикнуваат глобалните хуманитарни потреби, рече таа.
– Ова е новата реалност на хуманитарната заедница – нашата нова нормалност – и ќе се занимаваме во годините што доаѓаат, нагласи Мекејн.