ОН: Русија насилно пресели стотици илјади Украинци

Русија насилно пресели стотици илјади Украинци, понекогаш во далечни области, откако изврши инвазија врз својот сосед, изјави денеска американската амбасадорка во Обединетите Нации (ОН), Линда Томас – Гринфилд, јави ДПА.

Новинари и организации за човекови права документираа преселувања откако започна војната, граѓани беа принудени да ја преминат границата во Русија, а други во области на Украина под руска окупација.

– Ние имаме докази дека Русите преселија стотици илјади украински државјани, вклучувајќи деца, изјави Томас – Гринфилд за американскиот радиодифузер Ен-пи-ар.

Како што таа појасни, „тие се испрашувани, приведени, насилно депортирани”

– Некои се испратени до најоддалечените делови од источна Русија, близу севернокорејската граница, тие се пратени затоа што ова е обид на Русите да се поттисне отпорот, истакна таа

Back to top button
Close