ОН усвои резолуција за Украина, но против гласаа САД, Русија, Кина, Иран и Израел

Генералното собрание на Обединетите нации денеска усвои резолуција со која се осудува руската агресија врз Украина, по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија.

Резолуцијата ја осудува „целосната инвазија на Украина од страна на Руската Федерација“ и ја потенцира важноста на спроведување на сите претходно усвоени резолуции во одговор на руската агресија.

За резолуцијата гласаа 93 држави, 65 беа воздржани, а 18 земји гласаа против, меѓу кои САД, Русија, Израел, Кина, Иран, како и држави од третиот свет, како Буркина Фасо, Јемен и Замбија. Против беа и Унгарија на Виктор Орбан и Белорусија на Александар Лукашенко.

Истовремено, САД предложија сопствена резолуција, која не содржеше осуда на агресијата ниту повик за почитување на територијалниот интегритет на Украина. Европските земји подоцна додадоа амандмани со кои ја истакнаа поддршката за суверенитетот на Украина. Изменетата верзија беше усвоена, но САД решија да бидат воздржани при гласањето

Back to top button
Close