Она што Левица го разобличи уште пред четири месеци, вчера доби и официјалност – Мицкоски ја вдоми и својата советничка Ана Виткова во Регулаторната комисија за енергетика.

‼️Додека граѓаните ги бројат денарите за струја, гориво и воопшто егзистенција, Мицкоски ги брои слободните фотелји во институциите што треба да ја контролираат енергетската индустрија.
⚠️Со изборот на Виткова, која од август 2024 година е правна советничка во кабинетот на Мицкоски, продолжува бесрамното претворање на независните регулатори во продолжена рака на власта, подредена на политичките апетити на премиерот-енергетичар.
🚨Но, уште поскандалозно, Виткова не е само советничка на Мицкоски, туку била вклучена и во владини комисии за концесии за користење вода за производство на електрична енергија на Црна Река, како и во постапки за јавно-приватни партнерства во гасната дистрибуција. Дополнително, во нејзината биографија се наведуваат и ангажмани како надворешен правен консултант на приватни компании од енергетскиот сектор! Оттука, и имајќи ги предвид целиот начин на функционирање на ДПМНЕ, за очекување е дека Виткова на прва истанца нема ниту да се иззема од предемти каде што постои судир на интереси, како и дека ќе биде продолжена рака на Мицкоски и неговиот личен интерес во енергетскиот сектор, а не на граѓаните.
📌Впрочем, ова не е ниту изолиран случај, туку само досега последен потег во подолгата операција за партиско освојување на РКЕ. Во септември 2024 година ДПМНЕ ја постави Елена Маркова-Велинова, дотогашна претседателка на партиската Комисија за енергетика. Во април годинава за претседател на РКЕ беше избран Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ДПМНЕ и сопственички интереси во бизнисот со мали хидроцентрали. Сега во истото регулаторно тело пристигнува и личната советничка на Мицкоски!
🎯Институцијата што треба да биде брана пред политичките и корпоративните влијанија сè повеќе наликува на нивна заедничка чекалница, каде што регулаторската независност се жртвува на олтарот на партиската лојалност.
📍Граѓаните имаат сериозна причина да се сомневаат чиј интерес ќе биде заштитен при одлучувањето за тарифите, лиценците и цените. И тој сомнеж досега неколкупати се покажа како точен.
🔴Потсетуваме дека Левица, со цел рационализација на трошоците и ефикасност, претходно иницираше укинување на РКЕ и предложи Комисијата да биде одделение во рамките на Министерството за енергетика, но ваквиот предлог беше одбиен од страна на власта на ДПМНЕ. Види помалку






