Путин: Трамп е искрено посветен на решавање на конфликтот во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин ја оцени трилатералната средба со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг како историски настан, нагласувајќи дека досега не се одржале слични средби на ова ниво.

 

Говорејќи на прес-конференција во Шенжен, Путин изрази желба овој формат на разговори да продолжи и во иднина.

Тој го издвои делот од средбата во кој, по официјалните обраќања, лидерите преминаа на отворена дискусија.

 

„Вакви средби никогаш претходно немало, но сега се случуваат. Ова секако е ново поглавје во дипломатската историја“, рече Путин.

 

Според него, за време на разговорите биле опфатени бројни меѓународни теми, вклучително и војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и на Корејскиот Полуостров, како и можноста за реформирање на Обединетите нации (ОН).

Путин нагласи дека постои заедничко разбирање за потребата работата на ОН да се прилагоди на современите меѓународни околности.

 

Осврнувајќи се на односите со Вашингтон, рускиот претседател изјави дека е подобро да се постигнат договори чие спроведување е тешко, отколку воопшто да нема никаков договор.

 

Како еден од предизвиците, тој ја наведе сложеноста на американскиот политички систем и бројните механизми што влијаат врз носењето одлуки.

 

Зборувајќи за војната во Украина, Путин изрази уверување дека Трамп искрено сака да стави крај на конфликтот, но и да ги подобри билатералните односи меѓу Русија и САД.

 

„Не се сомневам дека претседателот Трамп е искрено посветен на решавање на конфликтите, вклучително и оној во Украина, како и на подобрување на билатералните односи во бројни области – вклучително, се разбира, и во она што е важно за нас: американско-руските односи“, рече Путин

Back to top button
Close