Онишченко за „СП“: Имав американско државјанство и бев еден од најбогатите луѓе во Украина, немам зошто да се бавам со проституција

Онишченко наведува дека имал американско државјанство, бил еден од најбогатите луѓе во Украина и немало зошто да се занимава со проституција. Тој за Слободен печат тврди дека никогаш не бил на црната листа на САД, а дека пред Македонија, Германија му ги дала сите документи па сега живее таму.

ФОТО: БИРН

Многу време поминав во Скопје и целата процедура ја спроведов легално, вели за Слободен печат , украинскиот бизнисмен Олександр Онишченко за кој се дозна дека поседувал македонски пасош.

Прво сакам да кажам дека пред Македонија, Германија ми ги даде сите документи и живеам во Германија. Во Македонија бев регистриран во куќа на кошаркар и го знам многу добро него. И државјанството го вадев две години – вели тој.

Онишченко наведува дека имал американско државјанство, бил еден од најбогатите луѓе во Украина и немало зошто да се занимава со проституција. Тој за Слободен печат тврди дека никогаш не бил на црната листа на САД.

Директорот на АНБ, Виктор Димовски в петок ќе реферира пред Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, како Агенцијата дозволила Олександр Онишченко да добие македонски пасош.

Back to top button
Close