Онишченко за СП: Во моето државјанство нема измама, им дадов валидни документи

„Слободен печат“ го праша Онишченко, какви лажни исправи или невистинити податоци им дал на македонските институции во процесот на добивањето на државјанството.

 

 

фото призма мк

 

Во моето државјанство нема измама, ниту еден грам. Не знам што да кажам. Побараа од мене да ја претставувам Македонија и да помогнам во подготовката за Олимписките игри. Ако не сакаат, јас ќе го направам тоа на мој начин. Федерацијата побара од мене, Лука Заложник ме прашуваше секој ден. Ги дадов сите официјални документи при апликацијата. Мојот руски пасош и изводот од матичната книга на родените. Имам и руски и украински пасош. Кога аплицирав за македонско државјанство, аплицирав со рускиот пасош. Се натпреварував за Русија претходно. Имам само валидни докумети, не можам да имам невалидни, јас сум официјално лице, ни рече Онишченко за слободен печат.

 

 

Back to top button
Close