ОOН: Истрага против албанската влада за екстрадиција на турски државјани

ООН води истрага против албанската влада за апсење и екстрадицијата на двајца турски државјани во Jануари оваа година. Тиранскиот весник „Дита“ пишува дека станува збор за Селами Симшек и Харун Челик, за чија екстрадиција официјална Тирана беше остро критикувана од опозицијата, но и од официјален Брисел, кои сметаат дека се работи за незаконска екстрадиција .

Истиот извор наведува дека на 20-ти март годинава работна групи на ООН за  исчезнати лица и арбитрарно приведување, како и Специјалниот известувач за заштита на граѓанските права и борбата против тероризмот, побарале итно информација за протерувањето на двајцата турски државјани бидејќи оценуваат дека станува збор за незаконско протерување односно екстрадиција во Турција на 1 јануари 2020 година, по што Селами Симшек се оценува дека веќе е исчезнат.

„Дита“ нагласува дека владата на премиерот  Еди Рама  се уште нама одговорено бара барањето на ООН додека пак албанскиот министер за внатрешни работи Лешај претходно изјави дека постапката на полицијата на Албанија била во ред .

Првиот човек на Турција, Реџеп Таип Ердоган подолг период бара од земјите на Балканот да ги предадат на Анкара Ѓуленистите. Едно такво барање од Анкара е доставено и до Тирана која според  весникот „Дрита“ е поврзано и со протерувањето и екстрадицијата на двајцата турски дажавијани .

Претставниците на ООН бараат точни информации за настанот од Тирана по што ке се соопштат и понатамошните мерки на ООН .

 К. М.

Back to top button
Close