61-годишник ја затвори сопругата во домот, ја нападна, па ѝ се закануваше

Маж (61) од општина Маврово и Ростуше е лишен од слобода по пријава за семејно насилство.
Од МВР информираат дека синоќа во 19:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше постапиле по пријава дека М.Б. ја затвори својата 49-годишна сопруга во семејната куќа, по што физички ја нападна и ѝ се заканува.
Полициските службеници ја ослободија жената, а М.Б. е приведен и задржан во полициската станица.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






