Во Тирана продолжуваат протестите, студентите закажаа протест за сабота и ја повикаа дијаспората да им се приклучи

Во Тирана вечерва повторно се собраа студенти и граѓани пред канцеларијата на премиерот Еди Рама. Помала група демонстранти фрлаше камења кон полицијата и искрши жардињера. Полицијата интервенираше со прскање вода врз демонстрантите кои се прегрупираа.

Сепак, група помлади лица, за кои дел од албанските новинари информираат дека се меѓу 14 и 17 години, продолжија да фрлаат камења кон полицијата.

Албанските медиуми јавија за уште еден инцидент во околните улици во близина на парламентот.

null

Демонстратите, студенти, нивни професори и граѓани најнапред утрово се обидоа да дојдат до парламентот, но полицијата имаше поставено силни блокади во центарот на Тирана поддржани со воден топ во позадина што го оневозможи тоа. Подоцна по инцидентот во парламентот блокадата беше тргната и маршот продолжи до кабинетот на Рама. Бројот на студенти и граѓани кои овие два дена излегуваат на протести е намален во споредба со претходните кога група млади демонстранти фрлаа молотови коктели, кршеа и палеа објекти и друго низ центарот на Тирана.

Во меѓувреме попладнето на социјалните мрежи студентите за сабота најавија уште еден студентски протест пред зградата на кабинетот на премиерот. Во соопштението, со слоганот „Во сабота, сите на плоштад!“ исто така, се нагласува дека овој протест ќе биде младински и ќе биде наменет за дијаспората. Денот на одржувањето на протестот се поклопува со протести закажани и во други градови во Европа, а дел од албанските медиуми наведуваат дека и испраќањето на поканата преку социјалните мрежи и организацијата на протестот преку одредени канали како Телеграм асоцира на нивна поврзаност. Исто така во албанската јавност се очекува како на оваа покана ќе реагира и нивната дијаспора и дали ќе ги поддржи протестите.

null

Штетата од засега десетдневните насилни протести во Тирана се проценува на 2,15 милиони евра, а утврдено е дека 127 објекти се оштетени. Според податоците на Генералниот директорат за даноци некои од обектите биле идентификувани на самото место додека други се пријавиле преку електронската платформа „Јас сум оштетен“. Оштетените се уште можат да се пријават преку оваа платформа.

Back to top button
Close