Опозиционерот Киличдароглу води со 10 процентни поени пред Ердоган

Новите предизборни анкети во Турција покажуваат дека кандидатот за претседател од опозицијата Кемал Киличдароглу води со 10 процентни поени пред претседателот Реџеп Таип Ердоган во пресрет на изборите закажани за 14 мај.

Анкетите, исто така, покажуваат дека опозицискиот блок, познат како Национална алијанса, води и во трката за Парламент со најмалку шест процентни поени пред Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган и сојузниците.

Прокурдската Народна демократска партија (ХДП), според сегашната ситуација, има сигурно над 10 проценти.

Анкетата објавена од „Аксој рисрч“ покажа дека Киличдароглу е пред Ердоган со 55,6 отсто од гласовите, наспроти актуелниот претседател кој има 44,4 отсто..

 

Back to top button
Close