Орбан предлага формирање европско НАТО, без САД

Во опширно интервју за швајцарскиот весник Die Weltwoche, унгарскиот премиер Виктор Орбан покрена иницијатива европските сојузници да формираат свој воен блок сличен на НАТО, во кој не би била најсилната воена сила на планетата – САД.

– Земјите од Европската Унија треба да формираат свој одбранбен сојуз, без Соединетите Американски Држави, бидејќи САД често следат лични интереси при решавањето на меѓународните безбедносни прашања, оцени унгарскиот премиер.

Тој смета дека земјите од ЕУ треба да преземат дополнителни напори да ја зајакнат својата безбедност и да можат да се одбранат без да се потпираат на помошта на САД.

– Европско НАТО би било идеално решение. Јас тоа го предложив уште во 2012 година, рече Орбан.

Тој, исто така, рече дека пристапот на западните земји во агресијата против Украина го одредуваат САД, додека Европа го губи својот идентитет „во емоционална и интелектуална смисла“.

Според него, многу нации, вклучително и Арапите, Бразилците, Индијците, Кинезите и Турците сакаат конфликтот во Украина да заврши што е можно поскоро.

-Западот ја загуби способноста да го обедини светот за една цел. Основните принципи на филозофијата се ограничени во просторот. Ова е нов феномен, додаде Орбан во интервју за швајцарскиот весник. ссм/

 

Back to top button
Close