Османи: Директорот на протоколот поднесе оставка по скандалот со згрешеното знаме

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 анализа во врска грешењето на знамињата кога доаѓаат странски гости.

За време на посетата на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, на масата каде што седеше со Османи наместо знамето на нејзината земја Словенија беше истакнато знамето на Словачка.

– Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква дректна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година. – рече Османи.

 

Back to top button
Close