Oсмани ќе чека да се расветли случајот со одлуката на АНБ за пасошот на Онишченко па ќе одлучи за Димовски

Министерот за надворешни работи ќе чека да се расветли случајот со украинскиот политичар кој доби македонско државјанство иако е на црна листа на САД, па потоа ќе види дали МНР треба да преземе нешто откако опозицијата побара МНР да ја повлече одлуката за амбасадорксото место на директорот на Агенцијата за национална безбедности, Виктор Димовски бидејќи АНБ дала позитивно мислење за државјанството на Украинецот.

Османи информираше дека Димовски се уште не е заминат, ги има одбрането тезите и се чека да помине во Собранието, на Комисијата за надворешна политика. Османи очекува претседателот на оваа собраниска омисија, Антонио Милошоски да ја свика комисијата, а како што информира чекаат двајца амбасадори, за во Париз и за во Подгорица.

Министерот за надворешни работи нагласи дека не може да го коментира ова прашање се додека, како што рече, не се расветли случајот. Очекува инститициите да видат дали нешто е спорно во тој случај, а потоа да видат дали тие треба нешто да преземат.

Османи рече дека е во интерес да се свика собраниската комисијата и да им се постават сите прашања на идните амбасадори. – Ако не ја свикаат, тоа значи дека немаат никакви забелешки и тогаш ќе побарам од претседателот на државата да потпише Указ, како што потпиша за неколку амбасадори за кои Милошоски не свика комисија, рече Османи.

Back to top button
Close