Османи: ФФМ нема обврска да го менува името
Османи вели дека според Договорот од Преспа, ФФМ – Фудбалската федерација на Македонија нема обврска да го смени името, бидејќи е независна и непрофитна организација која не прима пари од државата.
-Фудбалската федерација на Македонија е независна и непрофитна организација која што во Централниот регистар е регистрирана како здружение кое што не прима државни пари. Согласно Преспанскиот договор, прашањето на името е за институции, организации, здруженија кои што примаат државни пари. Сè додека не прима државни пари, ФФМ нема обврска да се прилагоди според Договорот од Преспа. Трговските марки во Договорот се дефинирани: кодот е МК, МКД. Некои реагираат зошто не е НМ, НМК, но тој код е само за регистарските таблички, според Договорот од Преспа, вели Османи