Османи: Неопходно е нашата Влада да набави авион за евакуација, но тешко е бидејќи јавноста тоа ќе го смета за луксуз

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во 21Анализа на ТВ21 зборуваше за евакуацијата на нашите граѓани од Тел Авив.

Османи кажа дека е неопходно владата да набави авион, но тоа е тешко затоа што јавноста ќе го смета тоа како луксуз.

Тој коментираше дека пред евакуацијата, Владата имала седница на која одлучено е да се обезбеди чартер лет за евакуација на наши граѓани од Тел Авив, но тоа било многу тешко поради ситуацијата во Израел.

-Владата веднаш свика седница и обезбеди средства до СЗР да обезбеди веднаш чартер лет. Но поради безбедноста беше тешко да обезбеди таков лет до Тел Авив, и се најде Ер-Србија како авиокомпанија која прифати да склучи договор со Владата. СЗР ги покри трошоците на сите граѓани, така што граѓаните не беа принудени да платат, рече тој.

Османи посочи дека не се одлучиле да набават авион бидејќи јавноста ќе смета дека тоа е луксуз.

-Но, ова уште еднаш зборува за фактот колку ни отежнува што немаме владин авион. Албанската влада уште прв ден ги евакуираше своите граѓани, затоа што имаше свој владин авион. Сите влади не се осмелуваат да набават свој авион, затоа што реакцијата на јавноста би била дека тоа би било луксуз. Ете на пример вакцините доцнеа поради тоа што немавме авион. Имаме владино летало, но тоа не е соодветно да одговори на вакви ситуации. Затоа вакви работи покажуваат дека има потреба, но за тоа ќе видиме понатаму, рече Османи.

Back to top button
Close