Османи: Поставувањето на камен темелникот за железницата е поважен од натпреварот со отворање на клубовите
Шефот на дипломатијата Бујар Османи нема да оди на отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград од истите причини поради кои не отишол и на отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, посочи тој на денешниот брифинг со новинарите.

Договорот за Фронтекс е прв со Советот на ЕУ, а кој ја содржи клаузулата на јазикот, вели Османи.
„Отворањето на клубот овде не е во интерес на бугарската заедница кај нас, а исто и организацијата која стои зад клубот ‘Никола Вапцаров’ не може да биде во интерес на заедницата таму. Тој процес треба да се врати во духот на добрососедството, а не во духот на натпревар“ рече Османи.
Според него, отворањето на клубовите не е во функција на добрососедството меѓу двете земји.
„Кога дознав кој го финансира клубот, се ми беше јасно. Ако им ги видите позициите кон државата и стратешките позиции, не очекувам овој клуб да биде во функција на интересите на граѓаните и на државите. Не ми се допаѓа оваа тенденција да се злоупотребува оваа ситуација за политички агенди и тоа не е патот кој треба да го одиме. Не можеме да дозволиме агендата некој да ни ја киднапира, гледајќи го позиционирањето на тие што стојат зад тоа. Го гледам ова од перспектива на државен интерес и од перспектива на меѓудржавните односи. Тој настан ќе ги задоволи чувствата да возвратиме, но тоа ќе трае кратко. Поставувањето на камен темелникот за железницата е поважен од натпреварот со отворање на клубовите“ рече Османи






