Oсмани: Срамната тинејџерска политика ви е за бегство од неуспехот

Синоќешниот протест на Алијансата на албанците и на Алтернатива за, како што велат, кражбата на изборите од политичкиот ривал ДУИ утрово ја искоментира Бујар Османи, висок функционер и портпарол на ДУИ.

Тој на фејсбук напиша:

–Ако немаш срам, прави што сакаш. Да го етикетираш својот народ пред светот само за да бегаш од одговорноста за неуспехот е плафонот на срамот на оваа тинејџерска политика. Во услови кога ниту еден нивен преставник, или на било кој друг субјект, ниту еден преставник на невладините организации, ниту еден преставник на ОБСЕ/ОДИХР не констатирал ниту една забелешка за изборниот процес, срамно е да протестираш против народот кој не те гласал.
Протестот на АА и на нејзиниот коалиционен партнер Алтернатива џсе одржа синоќа, а маршутата беше од Чаир до седиштето на ЕУ во Скопје а на чело на протестот беа лидерите Зијадин Села и Билал Касами.

Back to top button
Close