Османи: Уставните измени треба да се направат сега и веднаш

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „24 анализа“ во врска со бугарската историска комисија истакна дека работата нема да оди лесно и дека реагирал на изјава на копретседавачот и се осврна на уставните имени.

„Останува коментарот историчарите да не се мешаат во политиката. Не чувстввам потреба дека бараат политичка поддршка за нивниата работа и сметам дека сами може да си ги бранат позициите и така е подобро, зошто тоа е работа на комисијата. Да ја задржи темата надвор од политиката. Во однос на уставните измени, моментумот е сега и веднаш, по скринингот треба да се отвори првото поглавје, а помеѓу тоа, требаат уставните измени. Сите што ја знаат проблематиката на ЕУ знаат дека мора да се реагира. Не смееме да создадеме временски јаз. Ако уставните измени се оставаат после изборите, тогаш изборите ќе бидат само реферндум за уставните измени“ рече Османи.

Back to top button
Close