Осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ испратени на Психијатрија

На психијатриско вештачење се испратени во Специјалната затворска болница во Белград осомничените С.Ј. и Д.Д, за убиството на двегодишната Данка Илиќ во Бор, јави Н1.

Двете лица, вработени во Водовод Бор, на возраст од 50 години беа уапсени на 4 април под сомнение дека го убиле двегодишното девојче.

Двајцата осомничени, како што тогаш информираа од полицијата, во целост го признале извршувањето на тоа кривично дело.

Тие беа сослушани на 5 април во Обвинителството во Заечар, кога Д.Д. во целост го признал извршувањето на делото, додека Ј.С. бранеше со молчење..

Телото на двегодишното девојче до денеска не е пронајдено

Back to top button
Close