Остин: Израел уби над 25 илјади жени и деца во Газа


Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека над дваесет и пет илјади жени и деца се убиени од Израел од 7 октомври. Шефот на Пентагон додаде дека Израел е способен и должен да стори повеќе за да ги заштити цивилите во енклавата.

Остин беше прашан за време на сослушувањето во американскиот Конгрес колку палестински жени и деца се убиени од израелските сили, на што тој одговори дека „бројката е над дваесет и пет илјади“.

Американскиот секретар за одбрана додаде дека повеќе од 21.000 парчиња прецизно наведувана муниција се доставени до Израел од почетокот на војната во Појасот Газа

Back to top button
Close