Остин: Сe уште нема одлука за авиони за Украина

Прашањето за можното испраќање борбени авиони во Украина се уште е отворено по состанокот на педесет земји за координирање на испраќањето оружје во таа држава.

„Немам никакви вести за авионите денеска“, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој претседаваше со состанокот на контакт групата за одбрана на Украина во седиштето на НАТО во Брисел, пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО.

Остин нагласи дека САД нема да ја спречат Полска или која било друга земја бидејќи тоа се одлуки што ги носат националните власти.

Холандија го сфаќа барањето на Украина за Ф-16 „многу сериозно“, рече холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен при пристигнувањето на состанокот.

„Украина е многу свесна дека ова е нешто на кое му треба време“, додаде таа.

Борбените авиони, рече таа, не се споредливи со борбените тенкови што ќе и бидат испорачани на Украина во наредните месеци.

Словачка минатата недела објави дека ќе ја разгледа можноста за испраќање на своите МиГ-29 во Украина.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја истакна важноста за обука и муниција на украинската војска во услови на дебата за потенцијалното снабдување со борбени авиони за Киев.

„Само Германија досега обезбеди специјална обука за 1.200 украински војници “, рече Писториус во Брисел.

Back to top button
Close