Осум деца и една жена од Сирија загинаа во пожар во Турција

Девет сириски државјани, меѓу кои осум деца и една мајка загинаа во вчерашниот пожар што го зафати нивниот стан во Бурса, северозападна Турција.

Во пожарот загинаа 31- годишната мајка, нејзините шест деца и двете внуки. Загинатите децата биле на возраст од една до 11 години.

Во пожарот што го зафатил станот на втор кат полесно се повредени три лица од повисоките катови и се хоспитализирани.

Жртвите побегнале од граѓанската војна во сирискиот Алепо во Турција во 2017 година.

Back to top button
Close