Осум кутии докази за случајот „Државна лотарија“: На Груби, Бајрами и другите ќе им се суди по двапати неделно – обвинителот најави осум сведоци

Во судската постапка за случајот „Државна лотарија“ обвинителот Даниел Коцев најави изведување на 231 материјален и седум вербални докази, односно сведоци, против осум обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување.

Screenshot

За делото за кое се товарат обвинетите е предвидена казна затвор од една до пет години.

Меѓу обвинетите се поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, поранешниот вицепремиер Артан Груби, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авди.

Бајрами, кој е во бегство, го застапува адвокатот Еленко Миланов. Бранители на Груби се Гоце Ристевски и Владимир Доневски, Скендер Мехмети го застапува Љубица Попова, а Бојан Јанев – Антонио Апостолски. Како адвокат на Државна лотарија е наведен Бојан Стоевски.

На рочиштето било посочено дека, поради краткиот временски период, списите од предметот сè уште не биле доставени до сите обвинети.

Обвинителот Коцев информираше и дека од вештото лице до Обвинителството било доставено дополнување на листата, бидејќи износите во денари не биле прикажани со вклучен ДДВ, туку биле наведени само износите во евра.

„Тоа ќе биде образложено при изведувањето на доказите“, посочил обвинителот.

Доказниот материјал бил подготвен во осум хартиени кутии за да биде доставен до сите обвинети и нивните бранители, вклучително и до бранителот на Бајрами, иако поранешниот директор на Државна лотарија е во бегство.

Артан Груби, кој се наоѓа во куќен притвор, побарал да му биде доставена копија од обвинителниот предлог.

Обвинителството проценува дека најголемиот дел од материјалните докази, со исклучок на вештиот наод и мислење, би можеле да бидат изведени на едно рочиште.

повеќе

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close