Осумгодишно дете удрено на пешачки премин пред училиште во Штип, возачот избегал
8-годишно дете било удрено од автомобил на пешачки премин пред основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип, а возачот по несреќата го напуштил местото на настанот.

Според информациите, несреќата се случила во петокот, околу 18:30 часот, кога автомобил удрил во детето додека се наоѓало на пешачкиот премин пред училиштето.
По ударот, возачот не застанал да помогне, туку избегал од местото на несреќата. Според првичните информации, станува збор за возило со кумановски регистарски таблички.
Настанот бил пријавен во полиција, а повреденото дете било пренесено во Клиничката болница во Штип за укажување лекарска помош.
Засега нема дополнителни информации за тежината на повредите на детето, ниту за идентитетот на возачот. Се очекуваат подетали информации од МВР.






