Откажале фрекфенциите на главната радио станица на Солунска глава, контролата на летање останала без комуникација со дел од авионите

Сериозен технички дефект на главната радио-станица на Солунска Глава предизвикал рестрикции и затворање на дел од воздушните патишта на пониски височини во македонскиот воздушен простор, дознава 4news.mk.

Според официјалните воздухопловни известувања (NOTAM) кои беа издадени, Контролата на летање во Скопје (МНАВ) се соочила со значителни проблеми во комуникациската опрема, што директно влијае на нормалното одвивање на воздушниот сообраќај.

Контролор на летање од МНАВ во разговор со нас ни рече дека за момент се изгубил целосно сигналот за комуникација и дека во моментов немало бекап систем кој би можел да се активира.

Во НОТАМ известувањата во кои имавме увид, јасно се наведува дека поради прекин на микробрановата мрежна конекција со IP радио станиците, главната VHF антена на Солунска Глава е надвор од употреба. Ова резултира со намалена радио покриеност, при што е нотирана можност за целосно губење на врската со авионите кои летаат под 4.100 метри.

Дополнително, во јужниот и југозападниот дел од земјата, односно на потегот покрај границите со Грција и Албанија, ризикот од губење комуникација со скопската контрола постои и за летовите на повисоки нивоа – под 5.900 метри.

повеќе

Back to top button
Close