Отворени биралиштата за изборите во Јапонија

epa10027133 People walk past posters of candidates for the Japanese House of Councillors election, in Tokyo, Japan, 22 June 2022. The election will be held on 10 July with over 530 candidates running for half the seats of Japan?s House of Councilors (124) plus an extra one to fill a vacancy in the other half. EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

 

Во 47-те префектури во Јапонија денеска беа отворени гласачките места за Горниот дом на јапонскиот Парламент, два дена по убиството на поранешниот премиер Шинзо Абе, лидерот на Либерално-демократската партија (ЛДП).

Изборите за помалку влијателниот дом на Парламентот се сметаат за еден вид референдум за владата, а анкетите пред гласањето и пред убиството на Абе покажаа дека владејачкиот блок предводен од премиерот Фумија Кишида има најголема поддршка.

Опозицијата сакаше да ги одложи изборите, но премиерот истакна дека демократијата не може да попушти на насилството.

Абе, современиот лидер со најдолг стаж во Јапонија, беше убиен во петокот за време на говор за поддршка на локалниот кандидат во западниот град Нара.

Јапонскиот политички естаблишмент го осуди атентатот на Абе, нагласувајќи дека атентатот е „напад врз самата демократија“.

Изборната кампања беше прекината по атентатот на Абе, но политичарите ги продолжија своите предизборни активности веќе во саботата.

Убедлива победа на изборите ќе му помогне на Кишида да ја консолидира моќта и да му овозможи да ја постигне својата цел – зголемување на државните распределби за системот на национална одбрана

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close