Отворени два прифатни центри во Албанија во кои Италија ќе испраќа мигранти

Во Албанија вчера беа отворени два прифатни центри за мигранти кои пристигнуваат во Италија, согласно договорот меѓу двете земји за регулирање на илегалната миграција во Европската унија.

Во ноември 2023 година, албанскиот премиер Еди Рама и италијанскиот премиер Џорџа Мелони преговараа за договор за испраќање илјадници бегалци и баратели на азил спасени од италијански бродови од Медитеранот во Албанија на обработка.

Ова е прв пример на земја која не е членка на ЕУ да прима мигранти во име на земја-членка на Унијата, што ги заинтересира другите западни земји кои се обидуваат да го обесхрабрат зголемениот број на мигранти кои пристигнуваат во западните земји од Африка, Блискиот Исток и други области.

-Од денеска два центри се отворени и подготвени да ги примат првите мигранти“, изјави италијански функционер кој сакаше да остане анонимен во пристанишниот град Шенѓин, на јадранскиот брег на Албанија.

Според договорот, илегалните мигранти кои пристигнуваат во Италија ќе бидат транспортирани со брод до Шенѓин. Таму ќе се утврдува нивниот идентитет и ќе се обработуваат барањата за азил

Back to top button
Close