Пјонгјанг соопшти дека нема нови случаи на Ковид-19

Северна Кореја соопшти дека нема нови случаи на Ковид-19, првпат откако во средината на мај призна дека избувнала епидемија, јавија државните медиуми.

Земјата претходно овој месец соопшти дека е на пат „конечно да ја стави под контрола” првата јавно признаена криза со коронавирусот, во време кога нејзините азиски соседи повторно се соочуваат со зголемување на бројот на заразени со подваријантата на омикрон сојот на коронавирусот.

Официјалната новинска агенција КЦНА објави дека 99,99 отсто од 4,77 милиони заразени пациенти целосно оздравеле до крајот на април, но поради очигледно недоволното тестирање, Северна Кореја не објави податоци за бројот на позитивни на вирусот.

Експертите за заразни болести се сомневаат во тврдењата на Северна Кореја, а Светската здравствена организација минатиот месец соопшти дека поради недостиг на точни податоци, верува оти ситуацијата се влошува, а не се подобрува

Back to top button
Close