Пад на смртните случаи од Ковид-19 во светот во споредба со претходната недела

На глобално ниво, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се намали за 15 отсто минатата недела, а на нови инфекции со коронавирус за девет проценти, покажаа податоците на Светската здравствена организација (СЗО).

The World Health Organization in Geneva has faced criticism from President Trump over its handling of the pandemic.

Од почетокот на пандемијата во светот евидентирани се вкупно над 596 милиони потврдени заразени и повеќе од 6,4 милиони смртни случаи поврзани со коронавирусот.

Изминатата седмица регистрирани се над 5,2 милиони новозаразени, што е пад од девет проценти во однос на претходната. Бројот на смртните случаи е над 13.680, помалку за 15 отсто.

Регионално, бројот на починати се зголеми за повеќе од 183 проценти во Африка, а доживеа пад за речиси една третина во САД. Но, СЗО предупреди дека податоците веројатно се сериозно потценети, бидејќи многу земји се откажаа од процедури за тестирање и надзор, што значи оти се откриваат помалку случаи.

Доминантен вид на коронавирусот глобално, моментално е подваријантата на омикрон БА.5, што сочинува над 70 отсто од позитивните примероци, појасни агенцијата на Обединетите Нации со седиште во Женева.

Back to top button
Close