Пад на вредноста на биткоинот по веста за новиот вид на коронавирус
– Вредноста на дигиталната крипто валута – биткоин се намали за шест проценти по веста за брзото ширење на новиот вид на коронавирус во Велика Британија, што влијаеше и на вкупната состојба на финансиските пазари.
Една монета од оваа криптовалута во моментов вреди 22.290 долари, откако минатата недела ги достигна рекордните 24.339,75 долари, пренесуваа финансиките портали.
Најстарата и најголема криптовалута во светот според пазарната капитализација, биткоинот, на 17 декември за првпат ја надмина психолошката граница од 22. 000 американски долари