Пакистан собори два индиски авиони во одмазда за ракетниот напад

Пакистанската војска соопшти дека соборила два индиски авиони, пишува „Гардијан“. Откако Индија изврши ракетен напад врз неколку градови, пакистанската војска започна одмазда, како што соопшти нејзиниот портпарол.

Според последните информации, загинале три лица, а најмалку 12 се повредени. Пред нацијата се обрати и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

„Индија кукавички не нападна. Пакистан има целосно право да одговори со сила на овој воен чин предизвикан од Индија. Дадовме соодветен одговор. Целата нација стои со нашите вооружени сили“, рече тој.

За конфликтот со Индија се огласи и пакистанскиот министер за одбрана Хаваџа Асиф. Според него, жртви на нападите на Индија се цивили

Back to top button
Close