Пакистанскиот премиер Шариф: Имаме право да се браниме од нападот на Индија

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека Пакистан има целосно право да се брани од „воен чин наметнат од Индија“.

Тој рече дека пакистанските сили „знаат како да се пресметаат со непријателот“.

„Никогаш нема да дозволиме непријателот да успее во неговите зли цели“, рече Шариф. „Итриот непријател изврши кукавички напади на пет локации во Пакистан. Целата нација е со пакистанските вооружени сили и мотивот на целата нација е голем“, напиша тој на својот профил на мрежата X.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close