Папата допатува во тридневна посета на Унгарија

Папата Франциск утринава ја почна тридневната посета на Унгарија, каде во текот на денот во Будимпешта треба да се сретне со претседателката Каталин Новак и со премиерот Виктор Орбан.

Папата (86) денеска ќе зборува пред унгарски официјални претставници и дипломати, а на дневен ред на средбите, како што се најавува, треба да биде прашањето на миграцијата и војната во Украина.

За време на престојот во Унгарија, Папата ќе се сретне со сиромашните, младите, претставниците на културата и универзитетите, а на третиот ден од престојот во земјата, в недела, предвидено е да предводи миса на отворено.

Back to top button
Close