Пароли против Хамас на собир на Палестинци на северот од Појасот Газа

На собирот на неколку стотици Палестинци во Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа, синоќа се слушнаа пароли против Хамас, каде што насобраните повикаа на прекин на огнот, изјавија очевидци.

EPA-EFE/ALAA BADARNEH

„Хамас надвор“ и „Хамас терорист“ скандираа демонстрантите во поворка од неколку стотици луѓе, главно мажи.

Израелската војска го продолжи бомбардирањето на Појасот Газа на 18 март по речиси двомесечен прекин на огнот во војната предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Денеска на социјалната мрежа Телеграм беше објавен повик за демонстрации.

-Не знам кој ги организираше демонстрациите. Учествував за да испратам порака до народот: „Доста е од војна“, рече еден демонстрант, додавајќи дека „видел членови на палестинското движење Хамас во цивилна облека како го растураат протестот“.

Друг демонстрант рече дека луѓето се уморни и се прашуваат зошто Хамас нема да ја напушти власта за да ги заштити луѓето, ако решението е Хамас да ја напушти власта во Појасот Газа.

Израел редовно ги повикува жителите на Газа да се мобилизираат против исламистичкото движење кое ја презеде власта во Појасот Газа во 2007 година.

Од обновувањето на израелските воени операции во Појасот Газа, според билансот на загинатите од Министерството за здравство под контрола на Хамас, загинале 730 Палестинци

Back to top button
Close