Патот Кичево-Стража е затворен поради судир на 4 возила

Сообраќајна несреќа се случила денеска на патниот правец Стража-Кичево, во близина на Трапчин Дол, по што сообраќајот на оваа делница е во прекин.

Според првичните информации, во несреќата учествувале три патнички моторни возила и едно тешко товарно возило.

Камионот бил со албански регистарски ознаки, додека едно од патничките возила било со унгарски, а едно со кичевски регистарски таблички.

На местото на несреќата интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата.

Засега нема официјални информации дали и колку лица се повредени.

Поради судирот, сообраќајот на патниот правец Стража-Кичево е во прекин и се пренасочува по споредни патишта.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, по што се очекуваат повеќе детали за причините и околностите под кои дошло до судирот.

Back to top button
Close