Пазараниот инспекторат ги проверува злоупотребите со туристичките ваучери

По информациите кои Алсат вчера ги објави за продажба на државните ваучери, од страна на граѓаните, на хотели и приватни станоиздавачи,а кои се јавно достапни и на специјализирани интернет страници за продажба, Алсат праша во Министерството за економија, дали и до нив стигнале овие информации. Но од таму велат дека тие немаат надлежност во тој дел.

„За евентуални злоупотреби на ваучерите за туризам , надлежност да постапува има Државниот пазарен инспекторат, а не Министерството за економија“, велат од Министерство за економија.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауноски за Алсат рече дека од досегашните активности на терен, нивни инспектори утврдиле неправилности во однос на користењето на ваучерите и во Охрид и во Струга. Тој кажа дека во тек е расчистување на таквите ситуации.

„Имаше ситуации каде сопственикот имал осум апартмани, кои може да ги издава за туристи, а во исто време на списокот беа откриени 10 ваучери.Има и други неправилности.Ке се врши контрола и на концертите кои наредните денови ќе се одржуваат во Охрид..Ако влезе и еден посетител повеќе ќе следуваат казни за организаторите“, изјави Стојко Пауновски-директор на државен пазарен инспекторат.

Пауновски најави дека контролите во однос на ваучерите ќе продолжат и во текот на деновиве по празничниот викенд, како по хотелите така и по приватните апартмани и оти повеќе информации ќе имаат наредната недела.Како што веќе објавивиме,граѓани со име и презиме ги продаваат ваквите ваучери за цени од по 3000 и 4000 денари, а има и такви кои продаваат и по два ваучери.Јавна тајна е дека наместо да одат на одмор,граѓани ги нудат своите ваучери на хотелиери или на сопственици на приватни апартмани. Државата досега  подели117.122 ваучери за домашен туризам.

Back to top button
Close