Педро Санчез останува премиер на Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска најави дека ќе остане на функцијата, откако пред неколку дена изјави дека размислува да поднесе оставка откако судот во Мадрид покрена истрага против неговата сопруга Бегоња Гомеш.

Истрагата против Гомеш беше покрената по жалбата на екстремно десничарската антикорупциска група Манос Лимпијас (Чисти раце), која ја обвини сопругата на премиерот дека го злоупотребила своето влијание за наводно да обезбеди спонзори за магистерски курс на универзитетот што го водеше. објави Гардијан.

Во текот на викендот, околу 12.500 луѓе организираа протест за поддршка на Санчез, барајќи од него да не поднесе оставка.

Демонстрации беа одржани пред седиштето на Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ) во центарот на Мадрид, а луѓето извикуваа слогани како „Педро, не се откажувај“ или „Педро останува

Back to top button
Close