Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен: Ѝ се заблагодари за европската солидарност


Тој го поздрави денешното потпишување на македонски јазик на Договорот за Фронтекс помеѓу Северна Македонија и ЕУ, со кој се овозможува зголемена заштита на границите и подобра безбедност на граѓаните
Претседателот Стево Пендаровски вечерва во својот кабинет се сретна со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на која и се заблагодари за европската солидарност.
Благодарност до претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, за европската солидарност. Пакетот за енергетска поддршка од Европската комисија e од огромно значење за обезбедување на енергетска стабилност на земјава и ублажување на последиците од економската криза. Северна Македонија е подготвена за исполнување на реформите во клучните области и сите државни институции вложуваат максимални напори за успешно завршување на скрининг процесот, како прв чекор во процесот на преговори“,

напиша Пендаровски на Фејсбук.
Тој го поздрави денешното потпишување на македонски јазик на Договорот за Фронтекс помеѓу Северна Македонија и ЕУ, со кој се овозможува зголемена заштита на границите и подобра безбедност на граѓаните.
„Во однос на евроинтеграциите, претседателот Пендаровски истакна дека се вложуваат максимални напори од страна на сите државни институции за успешно завршување на скрининг процесот, како прв чекор во процесот на преговори и дека земјава е подготвена за исполнување на реформите во клучните поглавја. Во таа насока, тој се заблагодари за поддршката од Европската Комисија, и посочи дека динамиката на средбите ја потврдува посветеноста и ангажманот на Европската Унија за интеграција на земјите од Западен Балкан, што позитивно влијае врз севкупните политички процеси и реформската агенда, како и врз евро-оптимизмот во нашите општества. Претседателот Пендаровски ја информираше фон дер Лaјен, дека наскоро ќе биде упатен и новиот амбасадор при постојаната мисија на Република Северна Македонија во Европската Унија“,

информираа од кабинетот на шефот на државата

Back to top button
Close