Пендиков пријавил во бугарското МВР дека добивал смртни закани, софиското обвинителство ќе го испитува случајот

Софиското окружно обвинителство поведе предистражна постапка за смртна закана упатена до нападнатиот секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Информацијата ја соопшти државното обвинителство, пренесува БГНЕС.

Според тамошните медиуми, Пендиков поднел пријава до МВР на Бугарија бидејќи на социјалните мрежи му била испратена заканувача порака на македонски јазик. Надлежниот обвинител побарал да се извршат проверки на наводите во пријавата.

 

Секретарот на бугарскиот клуб, Христијан Пендиков, кој беше нападнат во Охрид, во моментов е на лекување во Софија и тој е во добра здравствена состојба. Како што информира вчера бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, кого официјална Софија го повика на консултации, Христијан е стабилен по операцијата, но долго време нема да може да консумира цврста храна.

 

Тој за случајот со нападот врз Пендиков рече дека ја чекаат вистинската истрага на обвинителството во Охрид.

Бугарскиот амбасадор во Скопје за случајот „Пендиков“: Ја чекаме вистинската истрага на обвинителството во Охрид

В.д. министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, пак, најави дека Бугарија ќе ги преземе сите мерки за случајот „Пендиков“.

Back to top button
Close