Пентагон: Корупцијата е главната пречка за влез на Украина во ЕУ

Главната пречка за влез на Украина во Европската унија е корупцијата, се наведува во соопштението на канцеларијата на генералниот инспектор на Пентагон.

Освен тоа, корупцијата ја попречува обновата на земјата и привлекувањето странски капитал.

Судии, политичари и функционери беа обвинети за корупција, а Министерството за одбрана беше клучен играч во многу корупциски скандали. Проблемите со корупцијата и владеењето на правото во Украина ќе бидат главната пречка за закрепнување на економијата на земјата по конфликтот и привлекувањето странски инвестиции, соопштија од канцеларијата на генералниот инспектор на Пентагон

Back to top button
Close